Поезија – Глоријана Вебер

/, Литература, Блесок бр. 147/Поезија – Глоријана Вебер

Поезија – Глоријана Вебер

Вселена
Бегство
Историја
Во близина на Бога
Раѓање
Избори


ИСТОРИЈА

Тревниците станаа
наутро ги поткренаа своите тела и заминаа
во патните торби го затворија фенерот од глуварче и неговиот ветер

заминаа земајќи го и споменот за себе
наутро никој не ја бараше тревата
падините беа голи, земјата се одронуваше

никој не знаеше дека е обично утро
девојче отвори сликовница со селанец што ја ора браздата
истрчав низ полето

никој не ни го кажа тоа
додека еден ден случајно не порасна билка
и одеднаш сите ливади веќе беа таму од памтивек

АвторГлорјана Вебер
2022-11-06T12:09:36+00:00 октомври 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 147|