Поезија – Глоријана Вебер

/, Литература, Блесок бр. 147/Поезија – Глоријана Вебер

Поезија – Глоријана Вебер

Вселена
Бегство
Историја
Во близина на Бога
Раѓање
Избори


ИЗБОРИ

Би гласала за поетот. Би отишла кај него
и би му дала глас. Би гласала со тишина, бело,
толку тивко, заборавено и осамено,
колку премолчените зборови на сите поети, работници
и пролетери, нивното бегство од устите кое не може да се плати со јазикот,
затоа, ако чувствуваш како ти служам, те молам,

гласај за распаднатиот, смуртен, грд поет, здробен од работа,
попрскан на хартијата, неговата билка на исушениот тревник,
ајде да му платиме за изборите, не со некакви пари,
туку со поезија, агентот вели дека вредноста на златото ќе порасне,
погледни ги, поетите,

за кандидатот на јазикот сите би го дале својот заем,
долг, збор, што ја отплатува со убавина, неа, која седи на работ,
меко и загрижено го теши, таа, која ја носи неизбраниот поет,
без зборови знае дека стоиме на иста страница од книгата, тој, кој пишува и јас,
кој читам и меѓу нас нема граница на мигранти,
хемиски средства, клиенти, валути, пластични завртки
и бидејќи тоа не е доволно, меѓу нас постои тоа
што е помалку од молк, голотија, лимон или цел,
не, ние двајца сме како вода, кои ја потопуваат книгата со вода,
дека од неа истекуваат машини, цевки, автомати, комфор, нафта, континенти
и на крајот јазикот уште се лизга подалеку од темната материја, таму,
каде што целината е уште без мирис, ритам и облик, уште веруваш,

дека таму би го нашла лудилото на поетот и го прегрнувам,
пократко од здивот, споменот, радоста или дежа ви,
толку пократко, што и поетот би ми бил одземен,
за да не избега со мене и да не го оставам во имагинацијата,
бидејќи само таму би можел да биде избран кандидат со докторат,
и без работа, блескав приврзок, спектакл од кутија,
човек кој надоместува човек, роднина, сожител,

како сите странци преку жиците на купеното небо,
јас и ти како него, сам себеси верен следбеник, кој не може со мене да излезе од фантазијата,
само нему би му раскажала дека на тастатурата се заглавуваат

мравка, артерија, идеал, нечистотија или дека на образецот од уредот
смрди на гнев од работничкиот ден, потта на нејзиниот невработен сопруг,
мирисот на нејзината рака, ја допре играчката, нема да ја донесе од продавница,
не било која, туку автомобилчето со цена го погледнува нивното дете
ден претходно. Само нему, животинскиот поет, без ѕвезди и мускули,
би верувала дека добив стан преку врски,
без данок, аритметика, полнило или бирократија, само родителите се
на приземјето од куќата. Тој би ја одобрил атомската бомба, бидејќи е време

без кратенки, апарати, бонуси, службеници и брилијантин,
без родендени, празници, посети, возења и чоколада е толку проклето долго,
да ги избереш настаните што би морале да се случат, за да помине половина година
како еден месец без плата, живот на празна, банална планета,
со измамници, тајкуни, валкани луѓе, бирократи, криумчари,
со дресирани слонови, логични сметки, како привид

или е само цинична песна на денот, покриена со мраз и нејзиниот врв,
боса желба во шумата со смреки, како напуштени куќи од полжави,
исушена плунка, која е оставена без алчност, бидејќи така треба да биде,
во овој ишмукан свет, без куќи, врати, улици, полиња, без настани,
како простор, кој животот некогаш ќе го собере од подот,
за да остави трага на дното,

не во мојата, туку во твојата имагинација,
тебе, кој ќе те гласам, бидејќи не можам да се гласам себе,
но можам да ја носам песната за нас двајца.

АвторГлорјана Вебер
2022-11-06T12:09:36+00:00 октомври 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 147|