Поезија – Глоријана Вебер

/, Литература, Блесок бр. 147/Поезија – Глоријана Вебер

Поезија – Глоријана Вебер

Вселена
Бегство
Историја
Во близина на Бога
Раѓање
Избори


РАЃАЊЕ

Колку длабоко те носи,
во оваа пештера, во овој рудник, во песната?
Си се спуштил, си заминал, си помислил
на површината, на кожата, на небото
токму тогаш, кога те симнуваат овде долу,
внатре во тебе без сè и со сè
во оваа црнина меѓу исчезнатите луѓе?
Затоа не гледај, кога те носат во длабочината,
биди како коњ, кому за да се спушти
му ги заврзале очите, лифтот и врвот се твоето тело,
чекори, содржина, живот, сè,
она што си го заборавил и земал, сега се спушта
овде внатре, слабо, што го чувствуваш студот,
браздите, ќебето.
Дали знаеш дека веќе си бил на ова место,
тогаш, на почетокот, 160 метри
пред раѓањето, пред надвор
да полета птицата, денес ја повика,
да ти каже дека срцето има крилја
дури и под земјата, дека во темнината
очите блескаат од историјата, не,
овде долу никој повеќе не чека,
и воздухот зборува поретко
и посетите се празни, освен светлината.
Кажи ми, колку длабоко те носи,
кога си во пештерата? Дали се грчиш, дали се осмелуваш,
дали почнуваш да гледаш, дали конечно си жив?
Како да ти се јавам
внатре сум, во тебе без зборови
и допир, со што да ти се обратам,
кога не сум тука? Кажи ми,
зошто си чекал толку долго,
каде ја носеше својата песна,
својата руда, длабочина и подлога,
на која површина си ги заборавил,
која сегашност ги зема,
твојот врв, страст, целата ти?
И те молам, не одговарај ми кога сме заедно,
мојата тишина е твојата уста, дали чувствуваш?
Твојата руда е цврста, нејзината темнина
го фатила за тебе сонцето.

АвторГлорјана Вебер
2022-11-06T12:09:36+00:00 октомври 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 147|