од „Господин Денес“

/, Блесок бр. 51/од „Господин Денес“

од „Господин Денес“

Пустинска
Доволно криење
Евангелие по Плотин
Компаративна
Кантата според Плотин
На себе преземена скромност
Манифест на љубовта
Нема тишина
Бакнежот на Плотин
Гавран
Орлите на Хелдерлин
Пламенот на духот
Оганвода
Космополитска ода
Наутичка
Радиска
Птица
Весел тепих
Новинарска конференција
Сенка
Понеделничка увертира
Преводот на славниот преведувач
Господин Денес, лекар од Осетија
И последната
Детски коцки
Сласна белина на пченката

Ја барам песната што меѓу Виена и Грац
ја снема во тропањето на автомобилскиот мотор.
Беше составена од две смреки,
од замокот на благородните Естерхези
и од нејасните изјави дека сум „воскреснал“.
Моќта на прислушувањето беше располовена
ја заведе бела заснеженост на коприви
и портокалово пропаѓање во сликата
што сè уште се обликува.
Доволно устата да стане мокра,
а одот на работ да почне да се нишка
меѓу буквите и празнината –
господинот Денес е сликарски расположен –
но на безболското капче тешко може да се наслика буба мара.
(Мислам дека сè започна
на иста улица, рече господин Денес.
Но што тоа, едноставно не знаеше).

2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|