од „Господин Денес“

/, Блесок бр. 51/од „Господин Денес“

од „Господин Денес“

Пустинска
Доволно криење
Евангелие по Плотин
Компаративна
Кантата според Плотин
На себе преземена скромност
Манифест на љубовта
Нема тишина
Бакнежот на Плотин
Гавран
Орлите на Хелдерлин
Пламенот на духот
Оганвода
Космополитска ода
Наутичка
Радиска
Птица
Весел тепих
Новинарска конференција
Сенка
Понеделничка увертира
Преводот на славниот преведувач
Господин Денес, лекар од Осетија
И последната
Детски коцки
Сласна белина на пченката

Во треперењето на усните го препознав крајот на автопатот,
по кој би оделе со Господин Денес
но не смееме да заборавиме на Виена,
имено зад Картнерштрасе во пивницата има еден стол
и на столот пар уморни очи
небото е поставено речиси вертикално
или недосегливо водорамно.
Не е сè во јазикот.
Така како тракторот Фергусон, црвен и намачкан со кал
кој дојде од спротивен правец
и во мигот се претвори во тресок на ламарина
и е дел од истиот свет како и Атос;
иако очите се горе на небото
она што делува на недосеглив начин
е разлиено помеѓу ушите.
Празното шише вино кажува речиси сè.

2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|