од „Господин Денес“

/, Блесок бр. 51/од „Господин Денес“

од „Господин Денес“

Пустинска
Доволно криење
Евангелие по Плотин
Компаративна
Кантата според Плотин
На себе преземена скромност
Манифест на љубовта
Нема тишина
Бакнежот на Плотин
Гавран
Орлите на Хелдерлин
Пламенот на духот
Оганвода
Космополитска ода
Наутичка
Радиска
Птица
Весел тепих
Новинарска конференција
Сенка
Понеделничка увертира
Преводот на славниот преведувач
Господин Денес, лекар од Осетија
И последната
Детски коцки
Сласна белина на пченката

Во мене отворено небо,
кога брзам низ дрворедот на костените
во онаа одвратна канцеларија
на до капак демократичното и космополитско друштво на писатели
(господинот Денес е некако огорчен).
Душата ми е задоволна
на самотната есенска улица
што ветрот ја мете од паднатите лисја.
Еј, диви коњи на сонцето
во галоп низ ноемвриските магли!
И ти скитнички градски гаврану
скини го јаремот на сенката што паѓа од мене!
Човек без сенка – мислам дека тоа ќе биде доволно.

2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|