од „Господин Денес“

/, Блесок бр. 51/од „Господин Денес“

од „Господин Денес“

Пустинска
Доволно криење
Евангелие по Плотин
Компаративна
Кантата според Плотин
На себе преземена скромност
Манифест на љубовта
Нема тишина
Бакнежот на Плотин
Гавран
Орлите на Хелдерлин
Пламенот на духот
Оганвода
Космополитска ода
Наутичка
Радиска
Птица
Весел тепих
Новинарска конференција
Сенка
Понеделничка увертира
Преводот на славниот преведувач
Господин Денес, лекар од Осетија
И последната
Детски коцки
Сласна белина на пченката

Изеди ме, пламену на духот!
(господинот Денес беше во елемент)
Реката Тенеси ги голтна моите жили
и завладеа царството на луната.
Гризни ја сребрената нитка
на која како шумска јаготка
виси мојата душа!
Отворете се црни стерни!
Пламенот на духот ми ги голта ушите
вели господинот Денес.
Се разбуди ли?
Спиев и стенкав во сонот,
а стомакот ми раснеше.
Господинот Денес се замисли:
Голтни го моето стенкање!
и:
Огнот на духот доволен е.

2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|