Одбрани песни

/, Блесок бр. 118/Одбрани песни

Одбрани песни

Детето што смртно го застрелаа војниците кај Нјанга
Те повторувам
Бегство
Маргаритки во Намакваленд (1963)
Трудна жена
Јас сум со оние
Зрнце песок
Зора – горчлива бобинка
Ме измами
ПСТ ТИШИНА, ЦРНОМУРЕСТИОТ ЧОВЕК


Ме измами Доли
ме изневеруваше
срце мое, ах моја рибизличке
се исуши во својата крлушка

Проповедникот вели никако,
мајка ми вели оди си,
баба ми си мисли боже господе
од каде ли само се појави

Ама Доли срценце мило
ме отргна од себеси, навистина
ги растам моите мали денови
како кокошки сите за тебе, големи

Без разлика што ти се нудам
како пупка на виделина
синоќа ах душо моја
ме изневери со друг маж

Мој питом буфу и моја џукело
тие завиваат дење и ноќе
но ти Доли срценце мило
ние завивавме еден збор, секогаш

АвторИнгрид Јонкер
ПреводЗоран Радически
2019-01-15T10:39:16+00:00 март 27th, 2018|Categories: Поезија, Блесок бр. 118|