Зоран Радически

/Зоран Радически
Зоран Радически 2018-08-21T17:18:27+00:00

Project Description

Зоран Радически е книжевен преведувач, толкувач, поет, лингвист и раскажувач. Роден е во 1985 година во Скопје, каде го завршил образованието. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за превод и толкување, отсек германски јазик и македонски јазик со лингвистика на Катедрата за јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Работел на Факултетот во Минхен при Институтот за Славистика како помлад научен соработник од областа на балканската лингвистика. Учествувал на повеќе проекти, семинари и конференции во регионот и пошироко, каде што се стекнал со знаења од областа на преведувањето и толкувањето, македонскиот, германскиот и англискиот јазик, славистиката, лингвистиката и литературата. Зоран е искусен литературен преведувач, кој преведува од и на повеќе странски јазици. Главно преведува од германски, англиски, африкаанс, холандски, шпански француски, италијански, руски и повеќето јужнословенски јазици на македонски јазик. Има преведено повеќе збирки и песни од различни европски и светски поети. Зоран е редовен преведувач и толкувач на фестивалот Струшки вечери на поезијата, а посебно е ангажиран за платформата Версополис. Исто така, пишува поезија главно на македонски и англиски јазик во различни поетски жанрови. Зоран течно зборува 10 светски јазици, а има солидни познавања од повеќе други јазици.

Related Articles