Одбрани песни

/, Блесок бр. 118/Одбрани песни

Одбрани песни

Детето што смртно го застрелаа војниците кај Нјанга
Те повторувам
Бегство
Маргаритки во Намакваленд (1963)
Трудна жена
Јас сум со оние
Зрнце песок
Зора – горчлива бобинка
Ме измами
ПСТ ТИШИНА, ЦРНОМУРЕСТИОТ ЧОВЕК


Јас сум со оние
Кои го злоупотребуваат сексот
Зашто поединецот не е битен
Со оние кои се пијанчат
Наспроти работ на разумот
Нaспроти илузијата според која животот
Некогаш беше убав, добар или битен
Наспроти забавите на преправање во градината
Наспроти тишината која бие во храмовите
Со оние сиромавите и старите
кои ги мерат силите со смртта, атомска бомба на денешницата
со оние отрпнатите во институциите
малтретирани со електрошокови
низ катарактите на нервите
со оние лишените од своите срца
како бојата од семафорот на безбедноста
со оние обоените обезличени африканци
со оние кои убиваат повторно
лагата на животот
и Ве молам заборавете
на правдата, таа не постои
на братството, тоа е измама
на љубовта, таа е обесправена

АвторИнгрид Јонкер
ПреводЗоран Радически
2019-01-15T10:39:16+00:00 март 27th, 2018|Categories: Поезија, Блесок бр. 118|