Одбрани песни

/, Блесок бр. 118/Одбрани песни

Одбрани песни

Детето што смртно го застрелаа војниците кај Нјанга
Те повторувам
Бегство
Маргаритки во Намакваленд (1963)
Трудна жена
Јас сум со оние
Зрнце песок
Зора – горчлива бобинка
Ме измами
ПСТ ТИШИНА, ЦРНОМУРЕСТИОТ ЧОВЕК


Зрнце мало зрнце песок
камче стркалано во ракава
камче збуткано во џебов
зрнцето станува мало и рамно

Сонценце големо во синилото
Правам трунка од тебе
Сјај во моево зрнце, камче
Засега тоа е доволно

Бебе што вреска од утробата
Ништо на светов не е голема работа
Тивко смеј се и проговори
Тишина во ќор сокак

Мал тркалезен свет и сина земја
зрнце правам од тебе
куќа со врата и двa процепи
мала градина со маргаритки

Стреличка исфрлена кон небеса
Љубов што венее во сржта
Столар прави сандак
Се подготвувам за ништото

Зрнце песок е мојот збор,
Зрнце ништо е мојата смрт

АвторИнгрид Јонкер
ПреводЗоран Радически
2019-01-15T10:39:16+00:00 март 27th, 2018|Categories: Поезија, Блесок бр. 118|