Куќа од јазик

/, Блесок бр. 50/Куќа од јазик

Куќа од јазик

Одново градам куќа
Јас други браќа освен поетите немам
Останав ли без јазик
Нè делат ли мртвите од живите
Истите песни, некогаш, ги читавме
Песната беше, и остана, твојот единствен дом, Марина Цветаева
Книги – ангели, домашни божества

Нè делат ли мртвите од живите, сестро моја,
браќа мои? На сите ни искри солза во окото
и кога гласно се кикотиме. Валерија, Саргон,
Гагик, Стеван, Јосип… Молитва или потсмев?
Ќе се вратиме ли на Арарат, во епот
за Гилгамеш? Или ветрот, овој ветар над
ветровите, ќе ја однесе куќата под чиј покрив
се засолниле нашите смрзнати срца, заедно со нас –
незнајно каде?

2018-08-21T17:21:23+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|