Куќа од јазик

/, Блесок бр. 50/Куќа од јазик

Куќа од јазик

Одново градам куќа
Јас други браќа освен поетите немам
Останав ли без јазик
Нè делат ли мртвите од живите
Истите песни, некогаш, ги читавме
Песната беше, и остана, твојот единствен дом, Марина Цветаева
Книги – ангели, домашни божества

Останав ли без јазик, без она што
единствено ми остана? Сè е и не е во името,
велам на безимен јазик, со кој се именувам себе
и сè околу себе. Ми фрчи ли јазикот, со острицата
на ножот расечен, како змијски? Не шептат ли
нежни зборови и во мртвоклопчето сплетените змии?
И децата нивни, плодови на отровна љубов,
кои своите убави голи тела по цел ден ги
сончаат? Да се учи одново да се говори или засекогаш
да се замолкне и, безимена, душо, само долго
долго да те гледам и милувам

2018-08-21T17:21:23+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|