Куќа од јазик

/, Блесок бр. 50/Куќа од јазик

Куќа од јазик

Одново градам куќа
Јас други браќа освен поетите немам
Останав ли без јазик
Нè делат ли мртвите од живите
Истите песни, некогаш, ги читавме
Песната беше, и остана, твојот единствен дом, Марина Цветаева
Книги – ангели, домашни божества

Истите песни, некогаш, ги читавме, судбоносни
момчиња
, врсници мои, книжевни сопатници,
од кои едни напаѓате, а други го браните градот.
Градот во кој живее или, поточно, умира мојата
мајка и со неа мојот стар сијамски мачор, кој,
на многумина од вас, им лежеше в скут. Во
младоста, епиката ни беше и етика. Само,
времето потврди дека различно сме ги читале
тие песни и различно сме ги толкувале. Едни, можеби
помалку држејќи до формата, учеле од мачените, а
другите, непрестајно броејќи ги слоговите и проверувајќи
ја правилноста на римата, учеле од мачителите. На едните
тие им биле прирачник како да се издржат и најголемите маки,
а на другите како на најголеми маки некој да се стави.
Денес, безброј има, несомнени и крвави, докази
за повеќезначноста на песната, како што безброј има, уште
понесомнени и уште покрвави, докази за повеќекратната
намена на ножот.

2018-08-21T17:21:23+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|