Колку ужасно задоволство

/, Блесок бр. 91/Колку ужасно задоволство

Колку ужасно задоволство

Во 8 часот
На централната станица
Камен во мочуриштето
Уште еден камен во мочуриштето
Под плаштот на принципите
Врвот на мојот јазик
Несреќа
Страв
Колку ужасно задоволство

ужасно задоволство
е да се мисли.
Дури и ако си мислиш
дека вреди да се мисли.

Ужасно е кога се почива во мир
и не се сака и не се може
да се мисли на умот.

Ужасно е што хомо сапиенсот
не мисли.
Па ќе се појави некој минорен
па ќе се појави некој минорен
сталин-хитлер
па со толку ужасно задоволство
толку ужасно задоволство
тепачите ќе се соберат во толпа.

Леле, Господи најмил!
Колку ужасно задоволство,
колку ужасно задоволство е
да се има некој друг да мисли за тебе.

АвторРумен Леонидов
2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 91|