Колку ужасно задоволство

/, Блесок бр. 91/Колку ужасно задоволство

Колку ужасно задоволство

Во 8 часот
На централната станица
Камен во мочуриштето
Уште еден камен во мочуриштето
Под плаштот на принципите
Врвот на мојот јазик
Несреќа
Страв
Колку ужасно задоволство

Секое утро го плазам врвот од мојот јазик
за да можам да лижам
за да можам да лижам
и лижам
и ја лижам спокојно
рибината коска на спокојот.

Кој би ме сопрел да лижам
Јас сум предодреден да ги лижам моите усни
Јас сум предодреден да ги лижам моите усни
како мачка што родила
мачката што се родила себеси

Јас се одродив себеси
Јас сум татко ми и мајка ми
и јас сум новороденче
слепо маче по малку посрано маче
колку што е можно да е маче
половина глушец,
но сè уште маче
со остар јазик.

АвторРумен Леонидов
2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 91|