Колку ужасно задоволство

/, Блесок бр. 91/Колку ужасно задоволство

Колку ужасно задоволство

Во 8 часот
На централната станица
Камен во мочуриштето
Уште еден камен во мочуриштето
Под плаштот на принципите
Врвот на мојот јазик
Несреќа
Страв
Колку ужасно задоволство

комотно е, безбедно и топло.
Така велат.
Нешто како санаториум
за фанатични човечиња.
Но, кај мене не минува тоа.
Со обете очи видов
како тој плашт се следи
самиот себеси.
Не е чудо
што е најчестиот чаршав
за оставање дамки.
Можам да ги слушнам како мрморат под него:
„Принципите се дел од посебното.
Она што се брои е бројот на дамките.
Вкупна бројка од сите супи што од гладот
создава естетика.“

Кој ми плукна во чинијата?
Кој ми влезе во душата?
Кој ми спие со моите соништа?
Кој го скрши стаклото на самракот?
Кој ја голтна мојата надеж?
Кој ја стегна раката врз грлото на птицата?

Кој го нахрани мојот ангел со живо месо?

АвторРумен Леонидов
2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 91|