Колку ужасно задоволство

/, Блесок бр. 91/Колку ужасно задоволство

Колку ужасно задоволство

Во 8 часот
На централната станица
Камен во мочуриштето
Уште еден камен во мочуриштето
Под плаштот на принципите
Врвот на мојот јазик
Несреќа
Страв
Колку ужасно задоволство

Оти панцирот-лудачка кошула ми беше прекус
ме оковаа во чифт витешки чизми
ми турија шлем врз очите што ми клапна, а рацете
ми ги отсекоа, за секој случај.
И оти оттогаш само со витези се гледам
итам да се ракувам со нив,
итам да се ракувам со нив
итам да се ракувам со нив.
И понекогаш преживувам.

АвторРумен Леонидов
2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 91|