Колку ужасно задоволство

/, Блесок бр. 91/Колку ужасно задоволство

Колку ужасно задоволство

Во 8 часот
На централната станица
Камен во мочуриштето
Уште еден камен во мочуриштето
Под плаштот на принципите
Врвот на мојот јазик
Несреќа
Страв
Колку ужасно задоволство

На Централната станица
среде тамошната менза
пијаните железничари
го пијат дванаесеттото пиво…
Момците што се врткаат тука
ѝ се пуштаат повторно
на Диди,
На Диди, убавицата зад шанкот;
одново и одново ги креваат стаклените труби
енергично дувајќи во нив,
а потем пред касата стојат
копајќи во џебовите по ситни пари…
На крајот од работниот ден,
Во бесконечноста на работниот ден
часовникот стои јавнат
врз знакот ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ.
Физикалец – смачкан и безволен –
со сокриена цигара го дува
чадот низ неговиот ракав
после ден величествена, достоинствена работа…
Џандар на должност не пие –
поради должност, знаете.
Ги поткрева рамената одбивајќи да ја бакне и Диди
и шишето…

Другарот Јончо Вулков Јончев
повторно го снема –
по разглас го бараат да се јави…

Неуспешни глумци
стануваат портпароли,
шутраци кои знаат како треба,
стануваат деспоти,
и нема разлика со диносаурусите –
дел од универзалната мутација: Човештво…

Голема работа!

Надвор, на чистиот круг на месечината
парчиња од салама кучешка-радост
зрачат…

Естаблишментот ќе биде збришан, другари!
Време е за заминување!

Ескалатори насекаде…
А сите можат да се движат –
удолу, кон храната на боговите,
угоре, кон ѕвоното на животот.

АвторРумен Леонидов
2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 91|