Индиго есен

Индиго есен

Самотија во големите градови
* * * (Ти понекогаш не знаеш)
Прирачник за преживување на животот (после летото)
Подземно сонце
Будалеста што плачам
Ги затворам очите во ноќта
Лет во 6 наутро
До крајот на светот

Сакам да ме понесеш
низ калдрми во меки сандали
со лесен чекор низ врелина и гласови
да ме допира само цветот во косата
и твојата тишина

води ме во далечни кралства
никнати во сиви карпи и мов
да вдишувам бајки
со мокри стапала да барам шепоти
низ магливи предели

смести ме во небото над градовите
мирно да се смеам над обичните приказни
вистинита, како во роман од минатото
безгрижна, како дете пред иднината

носи ме низ златни бои
со жолти лисја пишувај ми низ воздухот
додека светот минува крај нас
додека времето се обидува да нè стигне
со музиката на шините

врати ме во спомените на нашиот град
да го прегрнеме
да нè избрка кон своите
пред да нè осамне
пред да се расони џагорот од постелите
пред да нè осветли уште еден нов ден
поблиску до вечноста

(Nick Cave – (I’ll love you) Until the end of the world)

АвторГорана Митровиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|