Индиго есен

Индиго есен

Самотија во големите градови
* * * (Ти понекогаш не знаеш)
Прирачник за преживување на животот (после летото)
Подземно сонце
Будалеста што плачам
Ги затворам очите во ноќта
Лет во 6 наутро
До крајот на светот

Ти понекогаш не знаеш
колку сум твоја
тебе некогаш ветрот те потсетува
каде во тебе спие мојата душа
сонцето често ти шепоти за сенките во моите очи
втренчени во твоите неизречени зборови
во тебе

ти како да не знаеш каде спијам
кога ќе заспијам
иако саноќ си играм со твоите дланки

тебе не ти е доволно
што ме имаш целата
отсекогаш и засекогаш
па ме бараш во допирот
на утрото

ти не сакаш да знаеш
за мојот завет на вечноста
скована во овој крст
на кој не ќе дочекам воскреснување

не во овој свет….

ти, како да не знаеш…

АвторГорана Митровиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|