Индиго есен

Индиго есен

Самотија во големите градови
* * * (Ти понекогаш не знаеш)
Прирачник за преживување на животот (после летото)
Подземно сонце
Будалеста што плачам
Ги затворам очите во ноќта
Лет во 6 наутро
До крајот на светот

Сонлива те испраќам
под тркалата на твојот куфер
спискуваат паднати ѕвезди
само часови претходно
ни го сплетоа сонот

над усната ми оставаш
мирис во бакнеж скриен
да го носам низ денот
како жегалец, како тивка болка

се борам со сите дразби
долг и леплив ден
се прашувам, ќе те барам ли низ спомени
ќе се довикувам ли себеси
тогаш и сега
за да те пронајдам?!

сум го одбрала тоа парче живот
да живеам токму во него
мојата сродна ѕвезда ми шепна
доследна сум била
а можев ли да следам нешто друго
– сонце на залез го гали твојот дел од креветот

дома те нема
кога нè има се бараме и тогаш
некаде си, тука сум
во тебе ме има, во мене си
полека ги кревам ѕвездите
каде што припаѓаат
да ме поведат во сонот
да го прекријат твоето небо

АвторГорана Митровиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|