Индиго есен

Индиго есен

Самотија во големите градови
* * * (Ти понекогаш не знаеш)
Прирачник за преживување на животот (после летото)
Подземно сонце
Будалеста што плачам
Ги затворам очите во ноќта
Лет во 6 наутро
До крајот на светот

Во мене е мирно,
удобно, а сепак
мислам на ноќта која одамна
не ветува чудесни месечарења
пред зори

тивко
стих по стих ми истекува мислата
– барам место за рамката на твојата душа
со неколку зборови ти ја одземам ноќта
крадејќи ја возбудата од туѓите насмевки
во тунелот на моите дланки ти подавам
да го видиш вителот на светот
ѕвездите ги мешаат времињата
во ореоли од крилја околу нашите глави
тивко ти зборувам
далечна со километри, а блиска како мисла молитва
ги затворам очите во ноќта
ја прегрнувам
силата која ги руши сите познати димензии

АвторГорана Митровиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|