Индиго есен

Индиго есен

Самотија во големите градови
* * * (Ти понекогаш не знаеш)
Прирачник за преживување на животот (после летото)
Подземно сонце
Будалеста што плачам
Ги затворам очите во ноќта
Лет во 6 наутро
До крајот на светот

Како те довикувам нечујно
со твојот мирис скриен во крзното
иако се одмивам
но не и мислите
не и сликите за сите места на кои се видовме
на кои некогаш воопшто помисливме
секаде каде што патувавме
и онаму каде што не бевме нè имаше
повеќе отколку во сопствените животи

те гледам насмеан
те гледам ѕвонлив и растреперен
под некое силно но не и исто сонце
ги гледам и девојките кои сакаат да танцуваат со тебе
секогаш сакаат
ние никогаш не танцувавме така, а секако инаку

се гледам насмеана
со тивка сенка во очите
добро се снаоѓам со нијансите, оние на боите
и оние на душата
ќе биде тоа моја најскапоцена дамка, моја oсобеност
– колку убаво ме обележа ти

се одмивам и мислам на зависностите
ми текнува на упатството за употреба на кремот
три недели за да се регенерира кожата
три недели за да исчисти телото секаква хемија
колку ли недели за нашата алхемија?!
во која пештера да залегнам и тивко да одболам
од каде да почнам, зашто да продолжам е неможно
како да почнам знаејќи за гревот
за оставањето на суштината по патиштата –
на оние на кои никогаш не заминавме

АвторГорана Митровиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|