Индиго есен

Индиго есен

Самотија во големите градови
* * * (Ти понекогаш не знаеш)
Прирачник за преживување на животот (после летото)
Подземно сонце
Будалеста што плачам
Ги затворам очите во ноќта
Лет во 6 наутро
До крајот на светот

Будалеста сум што плачам
си велам,
додека денот го продолжува
својот здив светлина
на сметка на моето сокривање од светот

будалеста што заплакав
на ненадејниот допир од твојата светлина
како да чекав токму таму да ги сокријам
своите, во прегратка собрани облаци
знам, можеш да ги носиш

блесаво е што те замислувам
низ градовите во кои штотуку посакав да ме изгубиш
како да е тоа нешто добро за моите солзи
зошто сигурно не е за нашите души

баш е бесмислено што над мене
надвиснале сите ништожности на светот
оној со кој и не сакам да сум љубезна
додека единственото нешто што го бои мојот свет
е скриено во мене

(The Rolling Stones – Fool to cry)

АвторГорана Митровиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|