Избор песни од „Огнени станици“

/, Блесок бр. 58/Избор песни од „Огнени станици“

Избор песни од „Огнени станици“

Ноќна работа
Заспаната циганка
Саботна вечер
Ќос
Акустична минерална волна
Свилениот пат

Ги земам гранчињата речна врба,
меки, свиени во круг
и прицврстени така. Има код
од магии на Свилениот пат.

Велат има кралица, а нејзината круна
е место кајшто се вгнездува секој кожурец:
кога се испилуваат, групите вредни црви
го лачат, го лачат Свилениот пат.

Стигнувањето до почетокот на патот
носи богатства. .
. Погодени од легендава
толку многу домови зјаат празни. Милји
поплочени на Свилениот пат

од коски, некои расфрлани, некои врамувајќи ги
своите обични фигури. Она е животно,
она е нешто друго. Сите мои браќа заминаа
подготвени за Свилениот пат,

а дури чекорам гледам во земјата барајќи
јаглен, шаторски шрафови, човечки траги.
Светлината се свива зад мојот грб
додека ноќта паѓа над Свилениот пат.

Мојот сон е кус: река обрабена
со врби, на нејзиниот брег кралица
изедена од црви. Ете ме и мене остарен,
конечно како дома на Свилениот пат.

АвторА. Б. Џексон
2018-08-21T17:21:12+00:00 февруари 25th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 58|