Избор песни од „Огнени станици“

/, Блесок бр. 58/Избор песни од „Огнени станици“

Избор песни од „Огнени станици“

Ноќна работа
Заспаната циганка
Саботна вечер
Ќос
Акустична минерална волна
Свилениот пат

Превод од англиски: Магдалена Хорват

според Роберто Хуароз

Дури спијам, двеве раце ми се будат
и си го тераат занаетот, создаваат или распаруваат
некое напола човечко тело, конец по конец,
си играат Франкенштајн цела ноќ зад мојот грб.

Ги слушам, заспан: ги слушам како го тимарат
овој незаконит полудух, овој бескрвен голем,
плеткајќи се со неговиот живот, неговата втора смрт.
Се будам, со две раце прекрстени врз градите.

АвторА. Б. Џексон
2018-08-21T17:21:12+00:00 февруари 25th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 58|