А. Б. Џексон

/А. Б. Џексон
А. Б. Џексон 2018-08-21T17:17:58+00:00

Project Description

А. Б. (Ендрју Бјуканан) Џексон е роден во 1965 во Глазгов и пораснал во северозападна Англија. По средното образование во Фајф, студирал Англиска книжевност на Универзитетот во Единбург.
Како еден од десетте поети објавени во антологијата Anvil New Poets 3 (Анвил Нови поети 3; Anvil Press, 2001), А. Б. Џексон беше издвоен од Џон Грининг во Поетри Ривју поради неговoтo „тешко и амбициозно творештво: директно, акутно, со интелектуална острина, и победнички квалитет“.
Неговата прва книга, Огнени станици, беше објавена од Анвил прес во 2003 и ја освои наградата Форвард за најдобра дебитантска збирка за таа година. Песната на Џексон „Дела“ ја доби третата награда на конкурсот за поезија на книжевниот додаток на Тајмс ТЛС/Фојлс во 2007.
Вебсајтот на А. Б. Џексон е http://www.abjackson.co.uk/.

Related Articles