Избор песни од „Огнени станици“

/, Блесок бр. 58/Избор песни од „Огнени станици“

Избор песни од „Огнени станици“

Ноќна работа
Заспаната циганка
Саботна вечер
Ќос
Акустична минерална волна
Свилениот пат

Изолација, пополнување што апсорбира звук,
збиено меѓу подните греди, преградните ѕидови.
Ја намалува воздушната бучава за десет децибели.

Непропустлива за штетници, незапалива.
Нема да реагира со жици во пластика ниту метални
ѕидни плочки. Растот на габи, мувла, бактерии

не го охрабрува. Отпорна на гниење. Нејзините
расфрлани влакна не дозволуваат продирање вода.
За цени, искуства, разгледајте ја нашата брошура:

„Тишини што се граничат со феноменалните.“
„Веќе го нема пеколното тропање на вратата.“
„Да, тигрите доаѓаат, но сега шепотат.“

АвторА. Б. Џексон
2018-08-21T17:21:12+00:00 февруари 25th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 58|