Избор песни од „Огнени станици“

/, Блесок бр. 58/Избор песни од „Огнени станици“

Избор песни од „Огнени станици“

Ноќна работа
Заспаната циганка
Саботна вечер
Ќос
Акустична минерална волна
Свилениот пат

Слика од Анри Русо (1844–1910)

Мојот најубав сон дојде
и ме најде како спијам
Дојде
на четири нозе со тешка глава
Градниот кош му се крена и
спушти дојде толку
нежно што ми го скрши срцето и ме опфати
мала, врамена во неговото око
Стоеше надвор од моето спиење јас не можев да го видам
Немаше зборови да ми каже но ми го знаеше мирисот
Немаше зборови да ми каже и не сакаше да ме разбуди
Се разбудив кога месечината веќе си беше заминала
и мојот сон
чијашто милост е мојата тага

АвторА. Б. Џексон
2018-08-21T17:21:12+00:00 февруари 25th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 58|