Одбрани песни

/, Блесок бр. 118/Одбрани песни

Одбрани песни

Детето што смртно го застрелаа војниците кај Нјанга
Те повторувам
Бегство
Маргаритки во Намакваленд (1963)
Трудна жена
Јас сум со оние
Зрнце песок
Зора – горчлива бобинка
Ме измами
ПСТ ТИШИНА, ЦРНОМУРЕСТИОТ ЧОВЕК


Под кората на ноќта лежам пеејќи,
завиткана во шахтата, пеејќи
а мојот подмладок тлее во водата.
Си играм, та дете сум:
рибизли, рибизли и црношија
кукумакранкас, анис семиња,
и режанки од полноглавци
во слузот низ протокот,
во моето тело
мои белузлави пенасти облици
ах, шахто, шахто
мојот подмладок тлее во водата.
Црвена мембрана сè уште пее крвавопровлевачка песна,
Јас и моето вчера,
мое вчера што лежеше под срцево,
мое мисирче, мој разнишан свету,
и мое срце што пее како штурец;
но, ах шахто
мојот подмладок тлее во водата.
Јас играм, јас сум среќна:
Погледни колку само надалеку плиска светулката!
млада месечина, влажна муцка што трепери –
а со утрото, куца бабица.
студенило и сивило на ќудливите брда,
Те туркам низ кората на виделина,
ах, увилен буфу, величествен буфу на виделината,
ослободен од мојата материца, но извалкан
извалкан од моите солзи
и заразен со жалост.
Ах шахто, шахто,
Јас лежам тресејќи се и пеејќи ,
како инаку, освен тресејќи се
со мојот подмладок потопен во твојата вода…?

АвторИнгрид Јонкер
ПреводЗоран Радически
2019-01-15T10:39:16+00:00 март 27th, 2018|Categories: Поезија, Блесок бр. 118|