Нема веќе раце за ракоплескање
има разнесени, обесени на гранките
(или се само ракави распарталени)
сè што останало од ефтиниот патриот и верник
или од името на неговиот џелат
врежано врз кожата од жртвата
двата прста истакнувани за знакот победа
сега се брцаат в очи или ја пробаат острицата
со која си ги точат орловите нокти
(оние други „орлови нокти“ сè уште омајно мирисаат
во градините од домовите ограбени или спалени
од други миризливи „анамски раце“1F што сега се бакнуваат)
здавените доморотци си го плукаат млекото мајчино
во крв задоени од придојдените дивјачки дадилки
или од триумфирите качени на пламени кочии
телата на живите
се живи бомби
активирани далечински од Тој-Кој-Е
#b
1. И едниот и другиот назив се за исто градинарско растение-ползавица од родот Lonicera, само што првиот вид („орлови нокти“) е повеќе див и не мириса баш толку ‘омајно’ како вториот („анамска рака“).