Надживување

/, Блесок бр. 82/Надживување

Надживување

To Be or Not To Be
Волкот на врата
Сказна за Змејот и Ќелешот
Второ пришествие?
Ѓаволот ни ора ни копа
Човек во себе згрчен Homo in se curvatus
Утија
Зимска сказна
Петлите што рано пеат – ги колат

Од таванскиот балкон
скриени зад балустрадите, рано наутро
го гледаме ослободувањето на Скопје ноември 1944-та.

Младо партизанче се префрла преку оградата
од еден двор спроти улицата
и истиот миг го застрелуваат.

Претпладнето сè уште се гледаше
крвта испрскана врз кашавиот снег
како од петлите што ги колевме со секирче.

* * *

„Уште ли ќе разговараме низ цевките од револвери?“
прашува татко ми додека рано наутро го апсат
и ме будат ококорен зад мрежата од детското креветче.

„Зар и јас немам право да каснам нешто?“
вели мајка ми затечена од мојот поглед додека јаде,
а знам дека, ако ја гледам упорно, ќе ми даде…

Врисна одеднаш мајка ми и крв ѝ бликна од писката
удрена од некој стражар со врв од чизмата додека
татко ми го водат од судница во затвор на јаже-огламник.

* * *

Изутрина ја најдовме мрежата од креветчето
на ќерка ми сета испресечена на парчиња
додека таа уште спиеше девствено невина

иако потем ни призна дека самата ја исекла со ножици –
15 години подоцна излезе од решетките на земјава
и остана со мајка и во Англија, сè уште немирно спиејќи.

* * *

Тие што ги колеа поединечно петлите што рано пеат
сега се будат од гракањето на цели јата чавки
што прелетуваат од едно стрниште до друго буниште

и ништо не им можат –
штом тие погладни се множат.

2018-08-21T17:20:56+00:00 март 5th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 82|