Добова

Добова

Ivan the Factory
Езекиеловата кола
Краков, Казимирц
Шаламуновиот храм
Амброзија
Коцки
Добова
Замок
Косовел
Етно броенка

Стотици пати
сум минал низ Добова.
Тоа е првото место кога со воз
ја минувате хрватско-словенечката граница.
Тој прв знак дека некаде
навистина заминувате и првиот крајпатен
кој при враќање
ви кажува дека, всушност, некаде сте стигнале.

Чистилиштето, ако навистина постои
веројатно наликува на Добова.

Девојче со кантичка за млеко.

Стогови сено на уредно покосените пасишта
кои мирно го чекаат самракот.

Нешто нестварно се укажува на час
таму надвор, вон купето
полно никотинско лепило.

Цариникот кој собуен и испружен
врз спуштените седишта
накусо ќе задреме до Загреб.

Улица во која
во Љубљана е отворено првото порно кино во
бившата држава во кое однесов двајца Горанци
за после шест месеци
сиво-маслинест воен рок
да ја видат двојната пенетрација
во американската порно дива од осумдесеттите
Кели Николс во филмот Цимерки.

Селски гробишта на питомите падини
врз кои паѓа вечерна, зимска магла.

Еднаш ќе се симнам од возот
и ќе заспијам на клупата од малата
железничка станица во Добова.

Ако некогаш се разбудам можеби ќе ме видиш
како од перонот ти мавтам
со двете раце.

АвторДелимир Решицки
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|