Добова

Добова

Ivan the Factory
Езекиеловата кола
Краков, Казимирц
Шаламуновиот храм
Амброзија
Коцки
Добова
Замок
Косовел
Етно броенка

за Марија Чудина

Само затоа што не
напаѓа доволно снег
Лакан никогаш не стигна
да го најде патот до Замокот.

Само двајца, без прашања
во совршено правилни растојанија
даруваат живот:

богот и заборавот.

Така пишуваше на школската табла.

Замокот за миг го измамува спијачот.

Тоа утро
тој прв разбуден
поспано гледа во белите, бескрајни полиња.

Пукаат од студ
стеблата во шумичката
како мртви коски
во најлонски вреќи.

Сè уште не е време за станување
иако, ако повторно заспие
нема да се врати призорот со Замокот.

Плитки трагови во снегот, невидливи
ранички на јазикот. Тишина.

Во гостилницата превртени столови
спијат врз масите и
сините, карирани чаршафи.

Портрет на човек со сведната глава.

Топло е во шталите.

Следените гранчиња
во наполу урнатото гнездо на селицата
се срце на самотната гноса.

Ангелот на смртта, вели легендата
која ја измислив само за тебе
има глас кој потсетува на прапорците
од осамените санки во ноќта
кога се спушта мостот на влезот во Замокот.

Долго веќе не си прашала кој сум.

Во зимскиот сон
лилјаци скриени во разнишаната кула на црквата
обесени за небото како свети букви
кои никој не знае да ги прочита.

Кога пак ќе полетаат нема
да знаеш дека таму пишувало
постои ли или не постои
пат до Замокот.

АвторДелимир Решицки
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|