Онаа која тргна
да ме одведе дома
сега е на пола пат.
Ноќе патува
по самотни патишта
дење со одмора
со рацете врз очите.
Во темните борови шуми
јаде шишарки и пие снег
од моите тетратки.
Сè уште не ми го знае името.
Ќе го дознае
како и секогаш
ден пред
да ме пронајде.
Тогаш со прст
ќе ме покаже на ангелот на смртта
чија молба за служба
далеку од Крас
останала заметната
меѓу други
песни за младоста.