Добова

Добова

Ivan the Factory
Езекиеловата кола
Краков, Казимирц
Шаламуновиот храм
Амброзија
Коцки
Добова
Замок
Косовел
Етно броенка

Превод од хрватски: И. Исаковски

на Бланка и Петар

Илјади и илјади мртви
мораат да зборуваат и да зборуваат
за во шумата
на за нив сосем недофатно место
никнала и една единствена габа.

По тоа би сакал да ме помниш
ако го помниш кажаното
ми кажа на сон еден
на кој смеам да му го изговорам името.

Со погледите спуштени во прашината
еден крај друг
на повеќешински колосек
профучуваат возови низ катедралата
чии ѕвона
во слузницата не нечие око
нè сепнаа од сонот.

Ти знаеш
дека 24 пати во секундата
смртта сопира крај чешмата до патот и во локвата
во огледалото кое исчезнува
во дрвена, студена фатаморгана
го погледнува скришум своето помодрено лице на девојче
кое собира прачки во школскиот двор.

Возевме тој ден велосипеди
и застанавме крај фабриката
од чии оџаци
летаа сребрени перници.

Овие луѓе навистина имаат смисла за прорекување
рече со некако чудно искосени усни.

Во соседната соба спиеше твојот син.

Чистачката на четвртиот кат
точно во висина на нашите очи
фрлаше семе од малини
насекаде по подот и полиците
и среде лето
со вештачки снег
го прскаше своето испотено лице.

Можеше да има околу педесет години
и уште долго после се смееше
во трамвајот кој заминуваше.

АвторДелимир Решицки
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|