Добова

Добова

Ivan the Factory
Езекиеловата кола
Краков, Казимирц
Шаламуновиот храм
Амброзија
Коцки
Добова
Замок
Косовел
Етно броенка

Не разговарај никогаш со странци
и никако не отворај ја устата
во отровната светлина на август.

Јади пајажина
имаше едно здраво око
но меѓу слепите не беше крал.

Имаше едно уво
во другото од студот и луѓето
се скри лилјак
во топла тишина, гнило лисје и влажна смрдеа.

Имаше една рака
другата остана засекогаш да ја кине папочната врвца
на дното од сувото мастило во писарницата
меѓу туѓи нозе.

Што ќе му кажеш
кога ќе те праша
за кој било покус пат?

Да ги фрли коцките
од кои времето ги избришало точките
за еден, два, три
четири, пет и шест?

Дека им е сеедно
и на судиите и на безработниците
тоа што секој пат
поинаку го изговараш името?

Дека си имал срце
кое нема да изгние
како габа кога ќе чуе
дека ги пуштиле свињите и пците
да душкаат над полињата
кои сакав да ти ги покажам
кога ме прашаа
зошто толку те лажам?

АвторДелимир Решицки
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|