Добова

Добова

Ivan the Factory
Езекиеловата кола
Краков, Казимирц
Шаламуновиот храм
Амброзија
Коцки
Добова
Замок
Косовел
Етно броенка

Што ќе им е, навистина
на слободните луѓе поезија?

Под дрвото
на кое висел Бранко Миљковиќ
никогаш не процутела мандрагора.

Скарабејот од твоите трепки
одамна одлета во Померанија.

Мртвото тело на Нико се распаѓало
во летниот воздух зашто никој не сакал
да го преземе ковчегот кој со денови
проколнато лутал низ Европа
како полен од амброзија врз ангелско крило.

Додека пеела
нешто од берлинската прашина
уште долго после невремето
и’ се смирувало во очите.

Никогаш не станавме
како нејзе бездомни
средовечни џанкери зашто
за тоа ни требаше малку повеќе време
од она кое нам ни го подари поезијата.

АвторДелимир Решицки
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|