Добова

Добова

Ivan the Factory
Езекиеловата кола
Краков, Казимирц
Шаламуновиот храм
Амброзија
Коцки
Добова
Замок
Косовел
Етно броенка

Уште еднаш би сакал да кренам шатор
во близина на твоето срце.
Селанецот во полето
фрла младо семе жито
во тукушто изораната бразда.
Секое зрно, миг пред
да ја допре земјата
се претвора во ноќна пеперутка
оставена на милост
и немилост на дневната светлина.

Ја видов таа магија
еднаш во твоите очи
на корицата од подарената книга.

Песот со мочка ги означува
границите на својот свет.

Питагора тоа го прави со пепел.

Сите свои јадици
ги измив во посветена вода.
Пред да се спуштам до чамецот
од речната тиња
со рацете ископав
долго сокривано весло.

Невидлива менора
гореше во светлината на август
на влезот во храмот.

Една по една
се гаснеа
далечните ѕвезди на меланхолијата.
Стари се племињата
кои први ги видоа
како во млечната маглина
се раѓаат на небото.

Никогаш повеќе не кренаа глава.

Сите кои дипломираа
на твоите стихови
сега можат комотно во рај.

Без страв да го врежат своето име
во кората на младата бреза.

Да фрлат во вис
заграб прашина
и да чекаат
на памет да им падне
она што не им паднало
во ширум отворените очи.

АвторДелимир Решицки
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|