Добова

Добова

Ivan the Factory
Езекиеловата кола
Краков, Казимирц
Шаламуновиот храм
Амброзија
Коцки
Добова
Замок
Косовел
Етно броенка

на Дарко Јерковиќ & Јурај Шифтар

Беше веќе прав кој си
баш на секоја ѕвезда

онде
од каде пристигната
споулавена коњица ќе ги спушти своите сабји
цитри и жезоли
во пепелта на милиони мртви
чиј минат вид
отсекогаш е запишан во речната тиња
и твојата крв:

чујни како божествениот ветер
од време на време во твојот глас
кога матната река ќе потече низ засекот на раката
во кој сите тие славни
киромантски трговци
се обиделе да ја остават својата маршалска икра

О е шифрата на сите вистински ветерани
од оваа древна војна
поради која некои уште ангели на небото
и денес носат варварско оружје

Само една мртва морска и една небесна
падната ѕвезда
знаат што виделе нивните очи
во постелката на твоето раѓање
лаеле пци од слама

Сиот мој свет
раселен е во милиони слепи улици
откако веќе не ја сакам ноќта
и сè стана толку предвидливо
но и туѓо до потполна згаденост
и ти се колнам
слепец на сон ми раскажуваше
дека понекогаш сосем јасно
ја гледа Езекиеловата кола
како во разгорени парчиња
тука пред неговите нозе
паѓа од вжареното небо
и тој блесок
го ослепува одново и одново
како што мене и тебе
на крајот на денот и завршетокот на летото
секогаш по малку нè трогнува таа иста пустелија
таа иста нигдина
помеѓу ножот и гугутката

АвторДелимир Решицки
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|