Чекорење во сенка

/, Блесок бр. 55/Чекорење во сенка

Чекорење во сенка

Чекорење во сенка
Емигрирањето на ноќта од денот
Друга перница
Кафе и вода
Оловни зборови
Маски
Бикот
Скршената сенка

Ноќта емигрираше од потиштениот град,
оставајќи го со истоштените денови.
Си ги зеде месечината и ѕвездите и замина.

Градот беше радосен поради светлото
и остана буден со денови.
Кога се измори, не ја најде ноќта
во која ќе можеше да се одмори.

Денот емигрираше од истоштениот град,
не оставајќи му ништо.
Си ги зеде сонцето и бучавата и замина.
Ја бараше темнината
каде и да стигнеше,
зашто темнината го разделува времето.
Денот се измори и не знаеше
како и кога и каде ќе спие.

Некаде, во место каде што времето се загубило, едно мало дете нашло ’рѓосан клуч со неколку знаци: пророштво на пророчицата Сива:
На почетокот на времето, ноќта при самрак се искрала за да се искапе во морето. Паднала во него и била уловена. Откупнината која темнината ја побарала била сонцето секогаш да продолжи врз плочата на морето откако самракот ќе падне.

Виена, 23 октомври 1993

(од англискиот превод на Волфганг Астелбауер)

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|