Чекорење во сенка

/, Блесок бр. 55/Чекорење во сенка

Чекорење во сенка

Чекорење во сенка
Емигрирањето на ноќта од денот
Друга перница
Кафе и вода
Оловни зборови
Маски
Бикот
Скршената сенка

Ги гледам…
Влегуваат во темната соба
како да минуваат граница
без пасош.
Ги симнуваат
своите маски,
како да ја слекуваат кожата.
Шепотат,
зборуваат со зарипнати гласови,
кашлаат.
Потоа се чини дека се сложуваат.
Целата работа станува сомнителна
Нивните ликови паѓаат
сè подалеку и подалеку
се лизгаат кон тлото
и искапуваат…
Тие газат врз нив,
неспособни да ги препознаат.
.
.

Ги гледам…
пред да излезат,
во брзаница
да ги закачат маските
врз она што останало од нивните лица.
Се чинат благородни и нежни.
Нивните насмевки откриваат парфем.
Здрвени се во своите крути облеки
и како да се управувани со далечинско.
.
.

Јас сум еден од овие лешови
кои глупо гледаат,
остануваат безживотно тивки,
занесени
од поплавата на вознемирувачки слики.

Во главата
умот ми се враќа
да мисли за мигот
во кој тие си симнаа
маските.

(од англискиот превод на Питер Во)

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|