Чекорење во сенка

/, Блесок бр. 55/Чекорење во сенка

Чекорење во сенка

Чекорење во сенка
Емигрирањето на ноќта од денот
Друга перница
Кафе и вода
Оловни зборови
Маски
Бикот
Скршената сенка

Одев исправен
додека не стигнав
до ѕидовите
на заспаните куќи,
мојата сенка исправена
крај мене.
Одненадеж, се скрши
врз еден од ѕидовите.

И остана скршена,
и откако
со истиот чекор заминав
од кај ѕидовите.
Исплашен и внимателен
се обѕрнав.
Сепак, мојата сенка остана скршена
иако патот понатаму беше прав.

Виена, 28 април, 2000

(од англискиот превод на Волфганг Астелбауер)

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|