Бикот не паѓа
зашто дошло време за жртвување,
не паѓа
пред остриот нож во храмот,
копјата во арената,
заканувачкиот сјај на сечилата,
не им се предава на безмилосноста,
на прославите, метежот,
крикот на тукушто закланите,
затемнувањето на месечината минатата ноќ,
крвожедните пци,
не се предава на…
не се предава…
Бикот паѓа
зашто заборавил
дека боговите, откако ги обожувале,
ги колат
на крајот
и потоа
ги проголтуваат
Виена, 9 февруари 2001
(од англискиот превод на Волфганг Астелбауер)