Требаше да се заклучи

/, Блесок бр. 21/Требаше да се заклучи

Требаше да се заклучи

Неколку зборови за тоа…
Требаше да се заклучи
Прекин на комуникацијата
Никогаш повеќе, Ленора!
Наследство
Писмо до Лаодикеја
Lassitudo (заморни проникнувања)

На ангелот на црквата
во Лаодикеја напиши му…

Откровение 3:14

На умирање е твоето сонце
во зајадлив агностицизам.
Во чистиот Логос,
во сејазични оди
се тревожат -исти и -изам.

Кога слепиот слеп води …

Очоболите се неретка вистина.
Во мрежа се фаќа
по црвениот златник
доволно гола дама,
чекори во ледена граѓа …
Ах, Лаодикеја, Лаодикеја!

… обајцата паѓаат во јама.

Срамно е невесто „чиста“
да милуваш едно па исто.
Ќе те изблуе Неговата уста.

АвторМаја Апостолоска
2018-08-21T17:21:55+00:00 јуни 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 21|