Требаше да се заклучи

/, Блесок бр. 21/Требаше да се заклучи

Требаше да се заклучи

Неколку зборови за тоа…
Требаше да се заклучи
Прекин на комуникацијата
Никогаш повеќе, Ленора!
Наследство
Писмо до Лаодикеја
Lassitudo (заморни проникнувања)

Дека е можно на друмско светило
да никне негација – можно е!

И (дека) ако идејата те зграби било
за рака, било за нос – твое е

дали ќе коленичиш на Дидактика
да спечалиш староформна умешност

или во енормна прилика
ќе го гониш гностички, со гнојна пцост,

кортексот по врат, по шија …
Важно е само да е здодевно и тажно …

И има и нема елоквенција.
Неважно е кога е здодевно и тажно …

А дека сè може да се порекне
да се даде отклучок – можно?!

(Луѓе, па па како милувате, галувате!)
Требаше да се заклучи можеби само вратата.

АвторМаја Апостолоска
2018-08-21T17:21:55+00:00 јуни 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 21|