Требаше да се заклучи

/, Блесок бр. 21/Требаше да се заклучи

Требаше да се заклучи

Неколку зборови за тоа…
Требаше да се заклучи
Прекин на комуникацијата
Никогаш повеќе, Ленора!
Наследство
Писмо до Лаодикеја
Lassitudo (заморни проникнувања)

I

(…) Излезе потоа дека имало кратер
скоро без дно,
скоро да немало спас,
скоро-поскоро да му бидеме залак.

Малаксува изразот …
Волјата двојно насочена
го дроби во уста (така буквално).
Околу шилци зборореди,
белуздрави догорчиња.
Околу самострав од последици.
Го има.
Го имам тоа во наследство.
Го имаме.

II

Излезе потоа дека аскетски
се доживува гравираниот простор,
гравираните букви во него,
и не само тоа …

АвторМаја Апостолоска
2018-08-21T17:21:55+00:00 јуни 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 21|