Требаше да се заклучи

/, Блесок бр. 21/Требаше да се заклучи

Требаше да се заклучи

Неколку зборови за тоа…
Требаше да се заклучи
Прекин на комуникацијата
Никогаш повеќе, Ленора!
Наследство
Писмо до Лаодикеја
Lassitudo (заморни проникнувања)

Кога веќе дојде до тоа ,
добро би било (претходно)
да ги излижеме раните
со солена лингвистика

и отворено, дури,
без обиколки, речнички богато,
(може и во продолженија,
но со смрзнати метафори).

Поволни се, сметам,
формална развска,
официјално убиство од втор степен,
семантичко неверство,

мини дијалози,
и на крајот, се разбира,
неколку ситни стихотворства,
недоволно читливи.

АвторМаја Апостолоска
2018-08-21T17:21:55+00:00 јуни 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 21|