Состојби на духот и телото по триесеттата

/, Блесок бр. 42/Состојби на духот и телото по триесеттата

Состојби на духот и телото по триесеттата

(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 1. Од мојата генерација
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 2. Од државниците
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 3. Од себеси
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 1. Од тврдоглавост
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 2. Од инает
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 3. Од вера

Еј ти на секое лонче капаче,
татко ми сè уште ме прекорува
кога му велам дека
инаетот ми е од него.
А мене умот не ми дојде.
Не се освестив
не се заозбилив.
Сè си терам едно те исто –
на барањата за грчка виза
пишувам Битола, Република Македонија,
ги трошам парите за да имам
што да заработам.
Пак се заљубувам
за да ми се вратат
откако ќе ме остават.
Од инает, ами од што,
како инаку да се делува?

2018-08-21T17:21:32+00:00 мај 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 42|